Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во Германија би можела да се влоши во наредните денови, соопшти германското Сојузното министерство за економија.
Во интерен допис на Министерството за животна средина на југозападната покраина Баден-Виртемберг, од 2 декември, објавен од весникот Билд, се наведува дека француските нуклеарни електрани, кои ја снабдувале Германија со електрична енергија, произведуваат помалку електрична енергија.
Според пишувањето на весникот, прекинувањето на нуклеарната електрана во Франција се најголем проблем за снабдувањето на Германија со енергија.
„Не можат да се исклучат прекините во напојување на 90 минути“, се наведува во извештајот.
Друга причина за влошување на ситуацијата би можела да биде ремонтот и продолжената работа на нуклеарната електрана Некарвестхајм.
Нуклеарната електрана чинеше 22,5 отсто од снабдувањето во Баден-Виртемберг во 2021 година.