Националното собрание на Франција денеска го одобри предлогот за започнување на процесот за разрешување на претседателот Емануел Макрон, а оваа одлука мора да биде одобрена од Законодавно-правната комисија.
Предлогот за инпичмент, поднесен од крајно левичарската партија Непокорена Франција (ЛФИ) влезе во собраниска процедура, откако претпладнево помина на првиот круг од собраниската проверка, а „за“ гласаа 12 членови од 22-члената комисија.
Сојузниците на ЛФИ, вклучително и пратеници од Социјалистичката партија, рекоа дека нема да гласаат за импичмент на францускиот претседател.
Правилата за поднесување барање за импичмент на францускиот претседател се прецизирани во членот од Уставот. Предлогот на Непокорена Франција собра поддршка од повеќе од 80 пратеници.
Доколку помине, предлогот ќе биде ставен на гласање во наредните недели, каде што треба да го поддржат две третини од пратениците. Ако тоа се случи, тогаш нацрт-законот се префрла во Сенатот, каде што две третини од членовите таму исто така мора да гласаат „за“.
Ниту еден актуелен претседател на Франција не беше отповикан за време на Петтата република, иако предлогот за импичмент на Франсоа Оланд, предложен од пратениците од десницата во 2016 година, стигна до собранието.
ЛФИ, во текстот објавен во францускиот неделник „Трибјун Диманш“, објаснувајќи го предлогот за импичмент, го обвини Макрон за „институционален удар против демократијата“, бидејќи одбил да ги прифати резултатите од парламентарните избори одржани во јули.
Од партијата посочуваат дека Макрон „мора да знае дека ќе се употребат сите уставни средства за негово отстранување од функцијата“.
Непокорена Франција наведува дека одбивањето да се почитуваат изборните резултати и одлуките за нивно игнорирање претставуваат кршење на основните услови од претседателскиот мандат, бидејќи тие бараат шефот на државата да биде гарант за почитување на демократијата и организациските правила во Франција.
На 23 јули Макрон ја отфрли можноста кандидатката на победничката коалиција на парламентарните избори- Новиот народен фронт, Луси Касте да биде именувана за премиер, велејќи дека нема да може да добие доволно поддршка во парламентот.
Парламентарните избори во Франција завршија на 8 јули со победа на Новиот народен фронт. Блокот на левичарските партии освои 182 места во Националното собрание, а десничарската коалиција предводена од Национален Собир освои 143 места.
Во меѓувреме го назначи Мишел Барние за премиер.