Продолжуваат израелските напади врз Газа и покрај повикот за прекин на огнот додека трае вакцинацијата

Министерството за здравство во Газа објави дека речиси 159.000 деца примиле вакцинација против детска парализа во централното подрачје на Појасот Газа.

„Медицинските тимови успеаја да вакцинираат 158.992 деца во рок од два дена од почетокот на кампањата за вакцинација против детска парализа во Газа“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Се додава дека на вториот ден од кампањата имало голем одѕив на граѓаните во централното подрачје на Газа.

Според медицинските тимови кои ја надгледуваат кампањата за вакцинација во центрите во Деир ал-Балах, забележани се знаци на замор и неухранетост кај стотици деца кои примиле вакцинација поради тешките услови во време на тековната израелска војна на Појасот Газа која трае речиси една година.

Итноста на кампањата беше нагласена со појавата на првиот случај на детска парализа во Газа по 25 години, кај десетмесечно бебе минатиот месец.

На 16 август, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на седумдневен хуманитарен прекин на огнот за да се овозможи вакцинација на 640.000 деца, барање што беше поддржано од УНРВА.

Кампањата за вакцинација против детска парализа се одвива во позадина на континуираните воени напади на Израел во Газа, кои резултираа со над 40.700 смртни случаи на Палестинци и повеќе од 94.000 повредени од 7 октомври минатата година.

AA
Популарни