Огромното мнозинство од нашите училишта сега се засолништа за стотици илјади раселени семејства, вели Лазарини / Photo: Reuters

Повеќе од 600.000 деца во Појасот Газа се длабоко трауматизирани и живеат во урнатини поради разорната израелска офанзива, изјави во понеделникот Филип Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).

„Момчињата и девојчињата од целиот регион се враќаат во училиштата на УНРВА, освен во Газа. Сè уште им се забранува учење и образование. Половина од нив порано беа во училиштата на УНРВА“, напиша Лазарини на Х.

Израелската армија започна брутална воена офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година. Досега повеќе од 40.700 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во израелските напади, а повеќе од 94.100 се ранети.

„Колку подолго децата остануваат надвор од училиште, толку е поголем ризикот од изгубена генерација, поттикнувајќи незадоволство и екстремизам“, предупреди Лазарини.

Шефот на УНРВА рече дека повеќе од 70 отсто од училиштата со кои раководи агенцијата на ОН во Појасот Газа се уништени или оштетени.

„Огромното мнозинство од нашите училишта сега се преполни засолништа со стотици илјади раселени семејства. Тие не можат да се користат за образование. Без прекин на огнот, децата веројатно ќе станат жртви на експлоатација“, рече Лазарини, повикувајќи ја меѓународната заедница да спречи повторување на она што се случи во други конфликти низ светот.

AA
Популарни