Израел го користи терминот „незаконски борци“ за да ги опише Палестинците од Газа кои се приведени за време на неговата тековна офанзива / Photo: AA

Најмалку 9.623 Палестинци во моментов се наоѓаат во израелските затвори, покажаа официјалните израелски податоци.

Околу 3.379 Палестинци се притворени без судење или обвинение според политиката за административен притвор на Израел, а 1.402 се класифицирани како незаконски борци, соопшти израелската група за човекови права ХаМокед, цитирајќи податоци на израелската затворска служба.

Израел го користи терминот „незаконски борци“ за да ги опише Палестинците од Појасот Газа кои се приведени за време на неговата тековна офанзива врз енклавата од 7 октомври 2023 година. „Третманот на Израел кон затворениците ги крши нивните права на еднаквост, достоинство, семеен живот, образование и многу повеќе, е спротивен на меѓународното право“, според ХаМокед. Се наведува дека задржувањето на затворениците од окупираните палестински територии во Израел „претставува очигледно кршење на четвртата Женевска конвенција“ и „ги крши основните човекови права содржани, меѓу другото, во израелскиот закон“. Не почитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година. Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 37.900 Палестинци, главно жени и деца, а околу 87.000 се повредени. Во текот на осум месеци напади од израелската Армија, огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови. Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.

AA
Популарни