Глобалните количини на вода во резервоарите се намалени во текот на изминатите 20 години, и покрај изградбата на бројни складишни капацитети, покажа новото американско истражување.
Студијата укажува дека новите брани нема да бидат доволни за справување со зголемувањето на светските залихи на вода.
Сателитските податоци покажаа дека нивото на водата во 7.245 резервоари ширум светот се намалило од 1999 до 2018 година, и покрај зголемувањето на капацитетот за 28 кубни километри секоја година.
Климатските промени се „критичен фактор“ за намалување на ефикасноста на резервоарите, рече водечкиот автор на студијата Хуилин Гао од Универзитетот A&M во американската држава Тексас , додавајќи дека зголемената побарувачка за вода исто така одигра важна улога.
Гао рече дека особено во Африка и Јужна Америка, каде потрошувачката на вода постојано се зголемува, новите резервоари не се полнат со очекуваната брзина.
Продолжените суши покренаа прашања за ефикасноста на големите акумулации.
Меѓународната асоцијација за хидроенергија пред неколку дена соопшти дека новите брани и акумулации имаат „клучна ублажувачка улога во ерата на зголемени климатски екстреми“.