Артилеријата на руските терористи уби 16 лица во градот Костијантинивка, пазар, продавници, аптека, луѓе што не направиле ништо лошо / Photo: AA

Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека најмалку 16 лица загинаа, а 28 лица се повредени во руски напад во источниот регион Доњецк, пренесува Анадолу.

„Во овој момент артилеријата на руските терористи уби 16 лица во градот Костијантинивка, регионот Доњецк. Редовен пазар. Продавници. Аптека. Луѓе што не направиле ништо лошо. Многу ранети“, нагласи Зеленски на Телеграм.

Упатувајќи го своето сочувство до оние што ги загубија своите најблиски во нападот, Зеленски рече дека бројот на загинати или повредени може да се зголеми.

Во посебна изјава украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на Телеграм нагласи дека најмалку 28 лица се повредени поради нападот, додавајќи дека Државната служба за вонредни состојби и полицијата на земјата спроведуваат операции за пребарување и спасување.

„Анализата на урнатините е во тек. Полициски болничари и лекари им укажуваат медицинска помош на повредените. Брзо е изгаснат пожарот на површина од 300 квадратни метри. Оштетени се околу 30 трговски павилјони“, рече Клименко.

Во тековната руско-украинска војна, која започна во февруари 2022 година, загинаа над 9.500 цивили, а повеќе од 17.200 се ранети, според најновите податоци на ОН.

Популарни