Бројот на загинати Палестинци од почетокот на израелските напади на 7 октомври минатата година надмина 44.835 / Photo: AA

Најмалку 21 Палестинци се убиени во израелски напад врз станбени објекти во бегалскиот камп Нусејрат во Газа, а меѓу жртвите има жени и деца.

Болницата Ал Авда потврди дека се донесени телата на жртвите, како и ранети лица.

Болнички извори информираа дека меѓу убиените има жена и седум деца.

Се наведува дека голем број жртви сѐ уште се заробени под урнатините, бидејќи спасувачките тимови не можат да спроведуваат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.

Бројот на загинати Палестинци од почетокот на израелските напади на 7 октомври минатата година надмина 44.835, а во истиот период се ранети 106.356 лица.

Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни