Според Министерството за здравство, во израелските напади од 8 октомври 2023 година досега загинале 2.141 лице / Photo: AA

Според последните информации, најмалку 22 загина, а 117 се повредени во вчерашниот израелски воздушен напад врз центарот на Бејрут, главниот град на Либан.

По две силни експлозии во центарот на Бејрут, над областа почна да се издига чад.

Неименуван либански извор изјавил за Ројтерс дека висок функционер на Хезболах, Вафик Сафа, го преживеал нападот, чија цел наводно била да се убие најмалку еден од водачите на групата, иако јужното предградие Дахија, кое е наводно упориште на милитантите, не било на удар.

Според Ал Џезира, во нападот биле погодени густо населени станбени области во населбите Рас ал Наба и Ал Нувејри, а во пожар биле зафатени и две станбени згради.

Во областа беа испратени многу екипи на брзата помош и противпожарна помош.

Според очевидци во регионот, зградата која била цел на нападот била уништена, а оштетени се и околните куќи и возила.

Министерството за здравство ги објави најновите информации според кои во нападот во центарот на Бејрут загинале најмалку 22 лица, а 92 се повредени.

Според Министерството, од 8 октомври 2023 година досега починале вкупно 2.141 лице, од кои 104 деца и 194 жени.

Водачот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во израелските воздушни напади врз Бејрут на 27 септември.

Хезболах му одговори на Израел со ракети и проектили. Не е забележана поголема штета во овие напади, кои главно беа насочени кон воените бази на израелската страна.

AA
Популарни