Владата во Појасот Газа објави дека најмалку 250 Палестинци загинаа, а 300 се ранети во израелските напади источно од Кан Јунис во изминатите осум дена, и покрај фактот што израелските сили претходно го прогласија регионот за безбедна зона.
Канцеларијата за печат на владата објави дека израелските сили се повлекле од источниот дел на Кан Јунис по осумдневни копнени напади.
Израелските сили оставија зад себе урнатини, а цивилната одбрана досега пронашла најмалку 250 тела на Палестинци убиени во тој регион, а најмалку 300 повредени се пренесени во болници.
"Најмалку уште 31 лице се водат за исчезнати. Она што израелските сили го направија во Кан Јунис е класично воено злосторство против човештвото. На истокот на Кан Јунис, израелските сили бомбардираа 320 куќи, вклучително и 31 каде се наоѓале семејствата во моментот на нападот", се наведува во соопштението.
Истовремено, Мухамед Мугајир од Цивилната заштита рече дека патиштата се непроодни и дека 90 отсто од инфраструктурата е уништена во источните делови на Кан Јунис, кој се наоѓа на југот на Појасот Газа.