Најмалку 37 Палестинци загинаа денеска во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија палестинските медицински претставници.
Официјални лица изјавија дека најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во камп во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис, каде што се сместени раселени семејства.
Во други израелски воздушни напади денеска, најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Кан Јунис на југот од енклавата, а останатите во бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа, во кампот Шати и кампот Магази во централна Газа.
Началникот на полицијата во Газа и неговиот заменик се меѓу убиените во Кан Јунис, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Убиството на двајцата полициски службеници е „еклатантно непочитување на меѓународното право“ со таргетирање на полициските сили „и покрај нивната улога како тело за цивилна заштита“.