Најмалку пет лица се застрелани во училиште во централниот дел на Шведска, објавија денеска локалните медиуми.
По инцидентот со пукањето, голема полициска операција е во тек во училиштето Кампус Рисбергска во Еребро, град што се наоѓа на 200 километри западно од Стокхолм.
На самото место се спасувачките екипи и брзата помош, а уште не се знае состојбата на застреланите.
Луѓето во училиштето се затворени внатре и се повикани да останат таму, додека јавноста е предупредена да не се приближува до областа.
Според информациите што ги објави Афтонбладет, за време на акцијата било пукано и во полицијата.
TRT Balkan / агенции