Израелската страна се уште не го коментираше овој напад / Photo: AA

Израелските сили во петокот бомбардираа училиште во градот Газа, во кое се сместени засолништа за раселените лица, објави палестинската државна телевизија.

Повеќе од 20 луѓе загинаа, а 100 се ранети во бомбардирањето на училиштето Ал-Фалах, во кое се сместени раселените луѓе во јужниот дел на градот Газа, соопшти каналот поврзан со палестинската управа, со седиште во Рамала на Западниот Брег.

Израелската страна се уште не го коментираше овој напад.

Повеќе од 12.000 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, објави во петокот владината канцеларија за медиуми во опколената енклава.

Меѓу жртвите има повеќе од 5.000 деца и 3.300 жени, додека 30.000 се повредени, соопшти канцеларијата за медиуми.

Беше објавено дека околу 3.750 луѓе се уште се водат како исчезнати, меѓу кои 1.800 деца.

„Израелската окупација изврши 1.270 масакри“, објави прес-службата.

Во нападите загинаа и 200 медицински лица, 22 припадници на цивилната одбрана и 51 новинар.

„Израелската агресија стави надвор од употреба 25 болници и 52 здравствени центри, додека 55 амбулантни возила беа цел на израелските сили“, се вели во соопштението.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, беа оштетени или уништени во израелската офанзива.


AA
Популарни