Најмалку пет лица загинаа, а 24 други се повредени во израелски воздушен напад врз областа Зукак ал Блат во центарот на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.
Нападот го означи третиот израелски бомбашки напад во срцето на Бејрут во рок од 24 часа, по нападите врз населбите Рас Ал Набаа и Мар Елиас.
Во соопштението на министерството се потврди бројката на жртви, истакнувајќи дека вклучува пет жртви и 24 повредени.
Претходно, официјалната новинска агенција на Либан објави дека воздушниот напад врз Зукак ал Блат резултирал со четворица загинати и 18 повредени, иако не беа дадени дополнителни детали за конкретната локација на нападот, како на пример дали цел на нападот бил дом или друга зграда.
Зукак ал Блат се наоѓа на само 500 метри од зградите на владата и парламентот на Либан.
Во неделата, израелски воздушни напади погодија зграда во областа Рас Ал Набаа во Бејрут, по што следеа други насочена кон областа Мар Елиас, што резултираше со десетици загинати и повредени.
Израел започна воздушна кампања во Либан кон крајот на септември, против, како што тврди,цели на групата Хезболах како ескалација од едногодишната прекугранична војна поради тековната израелска војна на Појасот Газа.
Во понеделникот, Министерството за здравство ги објави конечните бројки за жртвите од израелските воздушни напади врз Бејрут претходниот ден.
Министерството објави дека во нападот врз Рас Ал Набаа загинале седум лица, вклучително и една жена, додека други 16 биле повредени.
Според министерството, нападот на Мар Елиас резултираше со четири жртви, вклучително и една жена, и 29 повредени.
Повеќе од 3.500 луѓе се убиени, речиси 15.000 повредени и повеќе од 1 милион раселени од израелските напади од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.
Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнен напад во јужен Либан на 1 октомври оваа година.