Населението во Германија ќе се зголеми благодарение на мигрантите

Населението во Германија ќе се зголеми благодарение на мигрантите

Проценките се дека населението до 2045 година ќе се зголеми за 800 000 и ќе варира регионално.
Се предвидува населението да порасне за 0,9 отсто во однос на 2023 / Photo: Reuters

Според последните проценки, бројот на жители на Германија ќе се зголеми за околу еден процент до 2045 година,односно до 85,5 милиони, пред се благодарение на имиграцијата на мигрантите.

Според податоците на Институтот за градежни, урбани и просторни истражувања населението на Германија се очекува да порасне за околу 800.000 до 2045 година.

Според тоа, се предвидува населението да порасне за 0,9 отсто во однос на 2023 година и да достигне 85,5 милиони до 2045 година.

Беше наведено дека растот на населението ќе варира регионално. Се очекува населението да продолжи да расте во економски силните градови, нивните предградија и многу рурални области, особено во покраините Баварија и Баден-Виртемберг.

Од друга страна, се проценува дека бројот на жители во помалку развиените региони далеку од метрополата ќе продолжи да се намалува.

Се предвидува до 2045 година да се зголеми и бројот на пензионери. а од институтот велат дека бројот на жители над 67 години ќе се зголеми за 13,6 отсто до 2045 година во споредба со 2023 година.

Дополнително, за два отсто ќе се намали и бројот на жители во возрасната група од 20 до 67 години, која се дефинира како работоспособна возраст.

TRT Balkan / агенции
Популарни