На претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, земјите членки на Алијансата ќе излезат со заедничка декларација за заканите по светската безбедност, изјави синоќа на брифинг Џеј Пакстон, портпарол на Сојузничката командна трансформација на НАТО (АКТ). / Photo: AA

На претстојниот самит на НАТО во Вашингтон шефовите на влади на 32-те земји членки на Алијансата ќе излезат со заедничка декларација за заканите по светската безбедност, изјави синоќа на брифинг Џеј Пакстон, портпарол на Сојузничката командна трансформација на НАТО (АКТ).

Самитот на НАТО во Вашингтон се одржува од 9 до 11 јули, а по повод 75 годишнината од формирањето на Алијансата.

Брифингот беше дел од посетата на новинарите на воената база Норфолк, најголема воено-морска база во светот, седиште на Командата на морнаричките сили на САД (ФФЦ) каде се закотвени над 75 воени бродови, подморници и носачи на авиони. Во Норфолк се наоѓа и седиштето на АКТ и на Командата на здружените сили (ЈФЦ) единствените две НАТО команди во Северна Америка.

Пакстон истакна дека главната цел на стратезите и експертите во АКТ е да се предвидат и одвратат заканите со кои е соочена Алијансата, посебно со војната во Украина и обидите на Кина да го наметне своето влијание на глобално ниво.

„Оружјето што ќе биде потребно за десет или петнасет години за одбрана на Алијансата од сите најмодерни закани треба се дизајнира и создава сега“, изјави Пакстон.

Според Џеф Хјуз, вицеадмирал и заменик шеф на кабинет на командата задолжен за развој на капацитати, АКТ работи на развој на војувањето.

„Да се антиципира како ќе изгледа иднината. На пример како ќе изгледа подморницата на иднината. Да се разработат сите методи на одвраќање (на противниците)“, изјави Хјуз.

Според него, од декември 2023 година НАТО развива Концепција за војување Капстоун (НВЦЦ) a поврзано со развојот на војувањето и возможноста за ангажман.

„Оваа концепција е во прилог на напорите на Алијансата за зацврстување на своите капацитети на одвраќање и одбранбената положба, и дава насоки за развој на воените предности на НАТО“, изјави Хјуз.

АКТ е предводена од генералот со четири ѕвезди Филипе Лавињ. Командата е оформена во 2003 година набргу по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни