Швајцарија, која добила официјално барање за помош од алијансата кон крајот на минатата година, ќе го олесни поставувањето на претставништвото како држава домаќин, се наведува во соопштението. / Photo: AA

НАТО ќе отвори свое претставништво за мултилатерална координација во швајцарскиот град Женева, за да одржува врска со меѓународни и невладини организации со седиште во оваа држава, се наведува во соопштение од швајцарската влада.

Швајцарија, која добила официјално барање за помош од алијансата кон крајот на минатата година, ќе го олесни поставувањето на претставништвото како држава домаќин, се наведува во соопштението.

Вчера потпишаниот договор ги воспоставува основните услови како легалноста на претставништвото, неговите привилегии и имунитети, прецизира швајцарската влада, јави МИА.

TRT Balkan / агенции
Популарни