Погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во оддалечената арктичка колонија за издржување казна, ќе се одржи в петок во Москва, потврди неговата портпаролка.
„Неговиот погреб ќе се одржи во црква во југоисточниот округ Марино во Москва в петок попладне“, изјави Кира Јармиш. Погребот ќе се изврши на блиските гробишта.
Руската поправна служба соопшти дека Алексеј Навални починал во затворската колонија, каде што ја издржуваше казната.
Службата наведе дека Навални изгубил свест по прошетка низ арктичкиот автономен округ Јамало-Ненецки, каде што се наоѓа колонијата.
Руските власти извршија неколку инспекции за да ги утврдат фактите околу неговата смрт.
Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, откако беше хоспитализиран во Германија, каде што се лекуваше од труење. Западните земји и самиот Навални ја обвинија Русија за труењето, што Кремљ го негира.
Тој беше осуден на 19 години затвор под обвинение за екстремизам и други кривични дела. Тој веќе има одлежано казна од 11,5 години поради обвинение за измама.