Руските власти изрекоа казна затвор од 25 години за опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза. Во пресудата под обвинението за „предавство“ и „ширење лажни вести за руската армија“ опфатена е и парична казан од 400.000 рубљи или околу 4.500 евра.
Обвиненијата против Кара-Мурза произлегуваат од неговиот говор на 15 март во Претставничкиот дом на Аризона во САД, во кој тој ја осуди воената акција на Русија во Украина.
Осудениот Кара-Мурза поседува и британско државјанство.
Ова е досега најстрогата изречена казна откако започна руската воена инвазија врз Украина, при што беа воведени измени на законите за ширење дезинформации и јавно информирање. Властите во Кремљ војната ја нарекуваат „специјална воена операција“.
Кара-Мурза при изрекувањето на осудителната пресуда и затворската казна од 25 години истакна дека „Русија ќе биде слободна“. Тој држеше говори во САД и Европа со критики за власта на претседателот Путин и ја критикуваше војната во Украина.