Навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) синоќа истакнаа транспаренти во знак на солидарност со Палестина на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против Атлетико Мадрид.
На голем транспарент на англиски беше напишано „Слободна Палестина“.
Пред почетокот на мечот на „Паркот на принцовите“ во Париз, навивачите кренаа и малку помал транспарент со порака „Битка на теренот, но мир во светот“ на француски јазик.
Натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите заврши со победа на гостите од Мадрид од 2:1.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. Во нападите загинаа речиси 43.400 луѓе.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.