Фади Ал Зант е шестгодишно палестинско момче од Северна Газа, кое моментно се наоѓа во болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија / Photo: AA

Децата во Појасот Газа се гладни, жедни и не може да им се обезбеди соодветна здравствена заштита поради недостигот на лекови, јавува Анадолу.

Израел со месеци извршува напади врз Појасот Газа, а со спречувањето на влезот на храна и основните потреби за живот, предизвика хуманитарна катастрофа во палестинската енклава.

Фади Ал Зант е шестгодишно палестинско момче од Северна Газа, кое моментно се наоѓа во болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија.

Тој се наоѓа во тешка здравствена состојба. Поради недостигот на пристап до лекови за лекување на неговата цистична болест и неисхранетоста, животот на ова момче е загрозен.

Неговата мајка за АА изјави дека веќе изгубила две деца од иста болест.

Од почетокот на израелската воена офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври загинаа над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

AA
Популарни