Неколкумина ранети во напад со нож на железничка станица во Париз        Фото: Ројтерс

Неколку лица се повредени во напад со нож на железничката станица Гаре ду Норд во Париз, главниот град на Франција.

„Осомничениот, кој во средата држеше нож и повреди неколку лица на железничката станица Гар ду Норд во Париз, е неутрализиран“, потврди на Твитер францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Тој се заблагодари на полицијата за нивната „ефективна и храбра реакција“.

Како што јави француската телевизија BFMTV, станува збор за маж кој од засега непознати мотиви ги нападнал луѓето. Нападот предизвикал прекин на сообраќајот околу транспортниот центар. На местото на настанот се испратени медицински екипи.

AA
Популарни