Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе изврши копнен напад врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, без разлика дали е постигнат договор за размена на затвореници со Хамас или не.
Нетанјаху се состана со претставници на роднините на израелските затвореници во Газа, се наведува во соопштението на Канцеларијата за медиуми на израелскиот премиер.
Наведувајќи дека нема да ги запре нападите врз Газа „додека не ги постигнат своите цели“, Нетанјаху рече дека ќе изврши копнен напад врз Рафах без разлика дали е постигнат договор за размена на затвореници или не.
Најавата на Нетанјаху за копнен напад врз Рафах, каде што се засолниле 1,5 милиони раселени Палестинци, доаѓа во период кога продолжуваат преговорите за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас.
Во веста објавена вчера во египетските медиуми се наведува дека делегацијата на Хамас го напуштила Каиро и дека писмено ќе одговори на понудата за договор за прекин на огнот.