Израел ќе се бори сѐ додека не ги уништиме воените капацитети на Хамас и неговата власт во Газа, рече Нетанјаху / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го искористи обраќањето пред заедничката седница на Конгресот што се одржа вчера за да повика на создавање регионален антиирански безбедносен пакт кој го нарече „Абрахамова Алијанса“.

Нетанјаху во обраќањето пред пратениците им рече дека светот видел „мал дел“ од неговиот предложен договор на 14 април кога арапските држави и САД пресретнале серија ирански ракети и беспилотни летала насочени кон Израел, лансирани од Техеран како одмазда за претходниот израелски напад на иранскиот Конзулат во Дамаск во кој беа убиени високи воени функционери.

„Алијансата ќе биде ‘природно продолжување’ на договорите за нормализација познати како ‘Договори на Абрахам’ за кои Израел посредуваше заедно со арапските држави за време на администрацијата на Трамп“, рече Нетанјаху.

„Сите земји кои се во мир со Израел и сите оние земји кои ќе склучат мир со Израел треба да бидат поканети да се приклучат на овој сојуз“, рече тој во говорот кој наиде на аплауз од пратениците, со исклучок на пратеничката Рашида Тлаиб.

Осврнувајќи се на војната во Појасот Газа, Нетанјаху ги повтори своите барања за „тотална победа“, велејќи дека Израел нема да запре додека таа нѐ се постигне.

„Израел ќе се бори сѐ додека не ги уништиме воените капацитети на Хамас и неговата власт во Газа и ги вратиме сите заложници дома. Тоа е она што значи тотална победа. И нема да се задоволиме со ништо помалку“, рече Нетанјаху.

AA
Популарни