Новинарска екипа на ТРТ Арапски нападната од Израел / Photo: AA

Одреден број новинари се повредени денес во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Појасот Газа.

Медицински извори за Анадолу изјавија дека меѓу повредените има и теренски новинари од арапскиот канал на ТРТ (TRT Arabic) кои известуваат за нападите во Газа.

Израел започна воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.200 лица.

Во израелските напади врз Газа што започнаа оттогаш загинати се над 33.600 Палестинци.

Израел воведе и целосна блокада на приморската енклава, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението во енклавата внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни