„Израелската окупација изврши осум масакри на семејства во Појасот Газа, што резултираше со 283 загинати и 814 повредени во последните 24 часа“ / Photo: AA

Најмалку 37.084 Палестинци се убиени во израелската офанзива на Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Во нападите повредени се 84.494 лица.

„Израелската окупација изврши осум масакри на семејства во Појасот Газа, што резултираше со 283 загинати и 814 повредени во последните 24 часа“, се наведува во соопштението.

Министерството објави дека бројот на загинати во вчерашниот „масакр на израелската окупација“ врз Палестинците во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа се искачи на 274, а 698 се повредени.

Израелската војска вчера објави дека спасила четворица заложници од централниот дел на Појасот Газа во смртоносен напад врз Палестинците во бегалскиот камп Нусејрат.

Од Министерството за здравство на Газа велат дека одреден број жртви сѐ уште се под урнатините и на патиштата, а екипите за итна помош и цивилна заштита не можат да дојдат до нив.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

AA
Популарни