49% од населението во Газа го сочинуваат жени што страдаат од сериозни проблеми поради нездравата храна и неисхранетост / Photo: AA

Министерството за здравство во Газа објави дека околу 60.000 трудни Палестинки во Појасот Газа страдаат од неисхранетост и дехидрација поради израелските бомбардирања и гранатирања, јавува Анадолу.

По повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената, Министерството за здравство во Газа предупреди на трагедијата на која се изложени палестинските жени во Појасот Газа.

„Околу 60.000 трудни Палестинки во Појасот Газа страдаат од неисхранетост, дехидрација и недостиг на соодветна здравствена нега. Околу 5.000 се породуваат секој месец во тешки, несигурни и нездрави услови поради бомбардирањата и раселувањата“, се вели во соопштението.

Исто така, се нагласува дека 49% oд населението во Газа го сочинуваат жени што страдаат од сериозни проблеми поради нездравата храна и неисхранетост во текот на израелските напади што траат последниве пет месеци.

AA
Популарни