Гутереш ги повикал сите држави да го искористат своето влијание за да стават крај на овој трагичен конфликт / Photo: AA

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека дијалогот што доведе до сегашната четиридневна хуманитарна пауза во Газа треба да продолжи и да се трансформира во целосно хуманитарен прекин на огнот.

Ставот на Гутереш денеска го пренесе неговиот портпарол Стефан Дужарик. Според Дужарик, генералниот секретар на ОН истакнал дека паузата на која се согласиле Израел и Хамас дозволил влез на хуманитарна помош во Газа, вклучувајќи го и нејзиниот северен дел, кој во голема мера е прекинат со недели.

Според Гутереш помошта едвај се регистрира поради огромните потреби на 1,7 милиони раселени лица. Гутереш предупреди дека хуманитарната катастрофа се влошува од ден на ден.

Тој го повтори својот апел преостанатите заложници веднаш и безусловно да бидат ослободени. Гутереш бара ослободување на сите останати заложници.

„Тој ги повикува сите држави да го искористат своето влијание за да стават крај на овој трагичен конфликт и да поддржат неповратни чекори кон единствената одржлива иднина за регионот: решение со две држави. Израел и Палестина да живеат рамо до рамо, во мир и безбедност“, се вели во изјавата пренесена од Дужарик.

Гутереш ги пофалил владите на Катар, Египет и САД и ивната улога во договорот за хуманитарна пауза и ја истакнал критичната улога на Меѓународниот комитет на Црвениот крст“.

„Обединетите нации ќе продолжат да ги поддржуваат овие напори на секој можен начин“, рече Дужарик.

Четиридневната хуманитарна пауза со посредство на Катар, Египет и САД стапи на сила во петокот, привремено запирајќи ги нападите на Израел врз Појасот Газа.

И покрај широко распространетите повици да се продолжи паузата или да се направи трајна, Израел вети дека ќе ги продолжи нападите штом ќе завршат паузите. Ја остави отворена само можноста за продолжување на паузата доколку продолжи размената на заложници.

Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш уби најмалку 14.854 Палестинци, вклучувајќи 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата. Официјалниот израелски број на загинати изнесува 1.200.

AA
Популарни