Неказнувањето на таквите злосторства е вообичаено предолго на окупираниот Западен Брег, рече Високиот претставник на ОН за човекови права / Photo: AA

Високиот претставник на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, во вторникот ги повика израелските сили да престанат да убиваат Палестинци на Западниот Брег.

Во саботата, израелските сили го убиле 16-годишниот Ахмед Ашраф Хамидат и тешко го раниле 17-годишниот Мохамед Муса Ал Битар во близина на бегалскиот камп Акабат Џабер во градот Ерихон. Ал Битар починаl следниот ден.

Израелската армија уби уште четворица Палестинци во понеделникот, со што вкупниот број на убиени Палестинци на Запад од 7 октомври наваму на над 500.

„Како да не беа доволни трагичните настани во Израел, а потоа и во Газа во изминатите осум месеци, и луѓето од окупираниот Западен Брег секојдневно се изложени на невидено крвопролевање. Несфатливо е толку многу животи да се одземени на таков непромислен начин“, рече Волкер Турк.

Тој нагласи дека убиствата, уништувањето и широкото кршење на човековите права се неприфатливи и мора веднаш да престанат.

„Израел не само што мора да усвои, туку и да имплементира правила за ангажман кои се целосно во согласност со важечките норми и стандарди за човекови права“, рече Турк.

Тој нагласи дека секое тврдење за незаконски убиства мора да биде „темелно и независно“ истражено, а одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Неказнувањето на таквите злосторства е вообичаено предолго на окупираниот Западен Брег. Таквата неказнивост создаде средина за сѐ повеќе и повеќе незаконски убиства од страна на израелските безбедносни сили (ИСФ)“, предупреди тој.

ИСФ често користеше „смртоносна сила како прво средство“ против палестинските демонстранти кои фрлаа камења, запаливи шишиња и петарди врз оклопните возила на ИСФ, во случаи кога тоа „не претставуваше јасна непосредна закана по животот“.

Бројот на Палестинците кои починале откако биле застрелани во горниот дел од телото, заедно со моделот на ускратена медицинска помош на повредените, сугерира „намера за убиство со кршење на правото на живот, наместо адекватна употреба на сила и обид за деескалација на тензичните ситуации“.

„Проверката на смртните случаи и следењето на повеќе од 80 случаи од страна на Канцеларијата за човекови права на ОН укажува на постојани прекршувања на меѓународното право за човекови права за употребата на сила од страна на ИСФ преку непотребна и непропорционална употреба на смртоносна сила и зголемување на целните убиства“, рече Турк.

Тој додаде дека податоците покажуваат систематско одбивање или доцнење во давањето медицинска помош на оние кои се тешко повредени.

Според канцеларијата за човекови права, од 7. октомври, „и покрај отсуството на вооружени дејствија на окупираниот Западен Брег израелската војска извршила најмалку 29 воени операции, вклучително и воздушни напади со беспилотни летала или авиони и пукање од проектили земја- земја врз бегалски кампови и други густо населени области.

Тензиите се зголемија низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш, повеќе од 36.400 Палестинци се убиени во Газа, огромно мнозинство жени и деца, а повеќе од 82.600 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

AA
Популарни