Производните активности во градежништвото во Појасот се намалени за 96 отсто, во земјоделството за 93 отсто / Photo: AA

Извештајот на ОН за Газа донесе шокантен факт дека на енклавата ќе и требаат 350 години за економско закрепнување ако остане под блокада на израелските сили.

Првичната проценка беше дека ќе бидат потребни децении Газа да се опорави по завршувањето на војната, но сега зборуваме за векови.

Војната предизвика масовно уништување на целата територија на Газа. Уништени се згради, патишта, а клучната инфраструктура стана пепел. А за да се започне каква било реконструкција, прво треба да се отстранат телата на жртвите и планината отпад создадена како резултат на страшното уништување со кое секојдневно се соочуваат жителите на Газа.

Во извештајот се наведува дека ќе бидат потребни 350 години за закрепнување и тоа во случај војната да заврши утре и целата област да се врати во „статус кво“ што беше пред војната што започна на 7 октомври минатата година. Секој нов ден на војна само ќе го продолжи времето на опоравување, како и агонијата на Палестинците.

Во извештајот за економските трошоци на војната, што го подготви комитетот за трговија и развој (УНКТАД) претставен пред Генералното собрание на ОН минатиот месец, се наведува дека економската активност низ Газа, која беше слаба пред војната, е запрена, не сметајќи ги минималните хуманитарни здравствени и прехранбени услуги, кои се одвиваат во услови на сериозен недостиг на вода, гориво, електрична енергија и основни ограничувања движења.

На пример, производните активности во градежништвото во Појасот се намалени за 96 отсто, во земјоделството за 93 отсто, а во услужниот сектор за 76 отсто.

Од друга страна, невработеноста достигна 81,7 отсто во првиот квартал од 2024 година, соопштија ОН, додавајќи дека таа веројатно ќе се влоши се додека продолжат воените операции.

„Штом ќе дојде до прекин на огнот, враќањето на предвоената ситуација во Газа нема да го обезбеди потребниот моментум за закрепнување“, се вели во извештајот.

„Ако би се вратиле трендовите на раст помеѓу 2007 и 2022 година на Газа ќе ѝ бидат потребни 350 години за да се врати на БДП од 2022 година“, се вели во шокантниот извештај.

Авторот Рами Алазе појасни дека резултатот е добиен со пресметка, а не со проценка.

Израел не го коментираше извештајот.

TRT Balkan / агенции
Популарни