Присилното раселување е кривично дело што може да се гони според Римскиот статут, изјави Албанезе / Photo: AA

Специјалниот известувач на Обединетите нации за Палестина, Франческа Албанезе, истакна дека таканаречениот план за „доброволна миграција“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелските пратеници, кој има за цел насилно преместување цивили во Газа, е кривично дело.

Албанес на социјалните мрежа ја сподели и одговори на изјавата на израелскиот претставник Дени Данон, кој претходно рече: „Среќен сум што израелската јавност разбира дека планот што го иницирав за доброволна миграција на жителите на Појасот Газа е најкоректно и најхумано решение на проблемот“.

Албанезе, инсистирајќи дека таканаречениот план за „доброволна миграција“ всушност е „присилно раселување“, рече: „Доброволно преселување? Без разлика како го нарекува израелската влада, присилното раселување е кривично дело што може да се гони според Римскиот статут“.

Таа нагласи дека оние кои планираат да ги раселат жителите на Газа под името „доброволна миграција“ ќе бидат под истрага и кривично гонети од Меѓународниот кривичен суд и другите судови под универзална јурисдикција.

Означувајќи го главниот обвинител на МКС, Карим Кан во нејзината функција, Албанес рече: „Одложената правда е ускратена правда“.

Според израелскиот весник „Хајом“, Нетанјаху на состанокот со претставниците на партијата Ликуд рекол: „Нашиот проблем се земјите кои се подготвени да примат бегалци. Ние работиме на тоа да го решиме“.

На средбата, израелскиот претставник Данон се осврна на прашањето за раселувањето на Палестинците во Газа и рече:

„Светот всушност разговара за ова прашање. Канадскиот министер за имиграција Марк Милер јавно зборуваше за ова прашање. Истото го прави и Ники Хејли (еден од републиканските претседателски кандидати во 2024 година). Треба да формираме тим во Израел за да се справиме со оние кои сакаат ја напушти Газа и да одат во трети земји“.

По зборовите на Данон, Нетанјаху рече: „Работиме на тоа“.

Во соопштението, палестинското Министерство за надворешни работи ги осуди изјавите на Нетанјаху и израелските пратеници за „доброволна миграција“ на Палестинците од Газа во други земји.

„Овие признанија на Нетанјаху бараат храбар меѓународен став за веднаш да се запрат нападите врз Газа и злосторствата за геноцид“, посочија тие.

AA
Популарни