Во мај 2024 година, здравјето и густината на посевите низ Газа покажаа забележителен пад / Фото: AA

Според сателитски снимки анализирани од Обединетите нации, повеќе од половина од земјоделското земјиште во Газа, клучно за исхрана на изгладнетото население е деградирано.

Податоците откриваат пораст на уништувањето на овошни насади, полски култури и зеленчук во палестинската енклава по осум месеци израелско бомбардирање.

Светската здравствена организација предупреди дека многу луѓе во Газа се соочуваат со „катастрофална глад и услови слични на глад“.

Користејќи сателитски снимки направени помеѓу мај 2017 и 2024 година, Сателитскиот центар на Обединетите нации (УНОСАТ) и Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) открија дека 57 отсто од постојаните полиња и обработливите површини во Газа, неопходни за безбедноста на храната, покажале значителен пад на квалитет за обработување.

„Во мај 2024 година, здравјето и густината на посевите низ Газа покажаа забележителен пад во споредба со просекот од претходните седум сезони“, соопшти УНОСАТ во четвртокот.

„Ова влошување се припишува на активности поврзани со конфликти, вклучувајќи разбивање, движење на тешки возила, бомбардирање и гранатирање.

Падот според УНОСАТ означува зголемување од 30 отсто на оштетеното земјоделско земјиште споредено со последна анализа во април.

AA
Популарни