УНРВА следи цврсти механизми за да осигури дека помошта нема да падне во погрешни раце / Photo: AA

Појасот Газа е на работ на огромна здравствена опасност, предупреди денеска во изјава за медиумите генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

Лазарини изјави дека во Газа снемува вода, храна и лекови. Тој нагласи дека пред неколку дена предупредил дека УНРВА нема да може да ја продолжи својата хуманитарна активност доколку не се дозволи влез на гориво во енклавата.

Лазарини изјави дека неколкуте камиони со помош на кои им се дозволи да влезат во Појасот Газа не се доволни и дека треба да се обезбеди прекин на огнот при целосниот колапс на здравствениот сектор.

Според официјалниот претставник на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, најмалку 57 вработени на УНРВА го загубиле животот од 7 октомври.

Лазарини рече дека УНРВА следи цврсти механизми за да осигури дека помошта нема да падне во погрешни раце.

Конфликтот во Газа започна кога палестинската група Хамас на 7 октомври ја почна операцијата „Поплава Ал-Акса“ - повеќестран ненадеен напад со бараж лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас објави дека нападот бил одмазда за упадите во џамијата Ал-Акса и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска потоа започна немилосрдно бомбардирање на позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во конфликтот досега загинаа речиси 8.500 луѓе, меѓу кои најмалку 7.028 Палестинци и 1.400 Израелци.

AA
Популарни