Истражувањето покажува дека речиси четворица еколошки активисти биле убивани секоја недела во просек минатата година

Заштитата на животната средина станува едно од клучните глобални прашања, а голем број луѓе се вклучуваат во еколошки активизам со цел да ги променат нештата во нивните општества. Често се соочуваат со опструкции, сопки, но и со физички напади и убиства бидејќи од другата страна на проблемот често се големи корпорации, влади и моќни луѓе.

Новиот извештај на невладината организација Глобал витнес (Global Witness) фрли светло врз бројот на луѓе убиени ширум светот како резултат на конфликти околу ресурсите. Истражувањето документира 200 смртни случаи во 2021 година поврзани со еколошкиот активизам.

Најсмртоносниот сектор во 2021 година беше рударството, со 27 смртни случаи поврзани со него, а потоа следи хидроенергијата за која се поврзуваат 13 жртви Others

Глобалната побарувачка за производи како дрво, палмино масло и минерали се зголемува, што доведува до тоа владите, компаниите и криминалните банди незаконски да запленуваат земјиште. Тоа, пак, доведува до судири бидејќи луѓето се обидуваа да ги заштитат своите домови и животната средина.

Според Глобал витнес, податоците никогаш нема да дадат точна слика за вистинскиот обем на проблемот поради недостатокот на слободен печат во многу од погодените земји, како и поради фактот што многу влади не успеваат да ги истражат ваквите случаи.

Истражувањето покажува дека речиси четворица еколошки активисти биле убивани секоја недела во просек минатата година, а околу една четвртина од сите убиства се случиле во Мексико, а потоа следат Колумбија и Бразил.

Во Мексико се случиле 54 убиство на еко активисти, во Колумбија 33, а во Бразил 26. Листата од шест најопасни зони за еко активистите ја сочинуваат Филипини со 19 жртви, Никарагва со 15 и Индија со 14 убиени во 2021 година.

Најсмртоносниот сектор во 20210 година беше рударството, со 27 смртни случаи поврзани со него, а потоа следи хидроенергијата за која се поврзуваат 13 жртви. Сепак, за повеќето смртни случаи, не можело да се идентификува специфичен сектор.

Извештајот препорачува дека човековото право на безбедна, здрава и одржлива животна средина треба формално да биде признаено од Обединетите нации за да се постават темелите за подобра одговорност на компаниите и владите.

TRT Balkan
Популарни