ОПЕК+ со помало производството на нафта за два милиони барели дневно

ОПЕК+ со помало производството на нафта за два милиони барели дневно

Следниот состанок на членките на ОПЕК и земјите кои не се членки закажан е за 4 декември
На првата средба од март 2020 година, 23 членки на групата го одржаа 33. Министерски состанок на која се дискутираше за обемот на производство.     Фото: АА

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, познати како ОПЕК+, се договорија од ноември да го намалат производството за два милиони барели дневно во однос на нивоата на производство од август.

На првата средба од март 2020 година, 23 членки на групата го одржаа 33. Министерски состанок на која се дискутираше за обемот на производство.

Групата укажа на неизвесноста која ја опкружува глобалната економија и шансите на пазарот на нафта и ја истакна „потребата да се подобрат долгорочните насоки за пазарот на нафтата“.

Продолжено е траењето на Декларацијата за соработка до 31 декември 2023 година.

Следниот состанок на членките на ОПЕК и земјите кои не се членки закажан е за 4 декември.

ОПЕК+ го намали дневното производство на сирова нафта за од прилика 10 милиони барели во април 2020 година поради наглиот пад на побарувачката по почетокот на пандемијата од Ковид-19.

Кога од април 2021 година глобалните економии и побарувачката за нафта почнаа да се опоравуваат, почна постепеното ублажување на овие резови.

Земјите членки се согласија да го намалат производството за 100.000 барели дневно во октомври

AA
Популарни