Владата одлучи да го ограничи извозот на бензин и дизел-гориво со цел да се балансира локалниот пазар / Photo: AA

Руската забрана за извоз на бензин и дизел-гориво ќе остане во сила сѐ додека на домашниот пазар не се стабилизираат залихите на гориво и цените, изјави денес рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов, јавува руската агенција ТАСС.

Руската Влада одлучи на 21 септември да го ограничи извозот на бензин и дизел-гориво со цел да се балансира локалниот пазар.

Според зборовите на Шулгинов, Владата, институциите и релевантните компании ќе продолжат внимателно да го следат пазарот со цел да се одржи рамнотежата меѓу производителите и потрошувачите на рускиот пазар на гориво.

За таа цел руското Министерство за енергетика ја следи и испораката на гориво до земјоделските производители.

Шулгинов напомена дека очекуваат дополнително стабилизирање на пазарот и намалување на цените.

Русија, еден од најголемите светски производители на нафта, извезува околу 900.000 барели дизел-гориво и 100.000 барели бензин дневно.

Лани извозот на дизел од земјата изнесуваше 35 милиони тони, а на бензинот 4,8 милиони тони.

AA
Популарни