Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на Божиќно примирје во војната во Украина и размена на воени заробеници меѓу Москва и Киев.
„Често зборуваме за европските вредности. Но, верувам дека најважната вредност што е инхерентно европска е самиот живот. Најважното нешто што можеме да направиме е да спасиме животи. Божиќ е близу. Не гледам причина зошто барем за два или три денови за време на православниот Божиќ не треба да избегнуваме да губиме човечки животи на првите линии“, рече Орбан на прес-конференција по состанокот на Европскиот совет во Брисел.
Орбан исто така не гледа причина зошто инволвираните страни не се согласиле да разменат неколку стотици затвореници, дозволувајќи им да се вратат дома.
„Ова може да изгледа незначително во споредба со геополитичките цели, но сепак, ако неколку илјади, помалку луѓе умрат за време на Божиќ и неколку стотици или илјадници татковци можат да си одат дома кај своите семејства, тоа е европска вредност“, рече Орбан, додавајќи дека тој верува дека неговиот предлог е остварлив.
Рускиот претседател Владимир Путин, вчера на неговата годишна прес-конференција го потврди предлогот на Орбан, велејќи дека тој е отворен за него, но бил одбиен од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Русија ја започна својата специјална воена операција во Украина во февруари 2022 година.