Откажан пливачки тренинг во Париз поради загаденоста на реката Сена

Откажан пливачки тренинг во Париз поради загаденоста на реката Сена

Тренингот требаше да се одржи пред Светскиот куп во пливање што е закажан за викендов
Откажан пливачки тренинг во Париз поради загаденоста на реката Сена / Photo: Reuters Archive

Франција вчера го откажа тренингот за пливачкиот настан во реката Сена поради нејзината загаденост предизвикана од поројните дождови во подрачјето на Париз.

„По неодамнешните поројни дождови во Париз, квалитетот на водата во Сена моментно е под прифатливиот стандард за зачувување на здравјето на пливачите. Соодветно на тоа, во консултација со јавното здравство и партнерите за организација на настанот, донесена е одлука настанот планиран за 4 август да биде откажан“, се наведува во соопштението на Францускиот пливачки сојуз.

Тренингот треба да се одржи пред Светскиот куп што е закажан за викендов.

Францускиот портал „Ле Парисиен“ објави дека Сена е „премногу загадена“ и дека тренингот е откажан пред Светското првенство закажано за овој викенд, кој претставува пробен настан за Олимписките игри 2024 што ќе се одржат во Париз.

Светскиот куп во пливање во отворени води 2023 за жени и мажи би требало да се одржи под мостот Александар Трети на реката Сена на 5 и 6 август.

TRT Balkan / агенции
Популарни