Палестинските фудбалери на стадионот Абдула бин Калифа ги прославуваа головите со нивните навивачи / Photo: AFP

Фудбалската репрезентација на Палестина за прв пат се пласира во нокаут рундата од купот на Азија. Победата од 3:0 над синоќа над Хонг Конг беше и нивна прва победа во историјата на натпреварувањето и доволна да бидат дел од осминафиналето како една од четирите најдобри третопласирани екипи.

Капитенот на Палестина Мусаб Ал-Батат изјави дека неговиот тим го исполнил ветувањето кон палестинскиот народ.

“Би сакал да им се заблагодарам на сите кои нè поддржаа, рече тој. „Успеавме да ги насмееме лицата на оние кои не следат внатре или надвор од Палестина”, рече тој.

Одај Дабаг беше херојот во Доха со два гола. По последниот судиски свиреж фудбалерите и стручниот штаб на Палестина славеа на теренот, гушкајќи се и веејќи знамиња.

Обединетите Арапски Емирати се на второто место во групата Ц и покрај тоа што загубија со 2-1 од победникот во групата Иран.

Победата на Палестина дојде во позадина на бруталната војна на Израел против опколената Газа. Играчите и персоналот изгубија најблиски поради израелската агресија.

Капитенот Мусаб Ал-Батат рече дека неговите луѓе го исполниле ветувањето што му го дадовме на палестинскиот народ.

Моментот на молкот пред натпреварот беше преполнет со извици „Слободна Палестина“.

Хонг Конг и Палестина се двете репрезентации кои имаа најмногу натпревари во Азискиот куп без победа. Хонг Конг 12, а Палестина осум. Победа на овој натпревар беше шанса за двете репрезентации да се пласираат во осминафиналето.

Во 12. минута, Палестина постигна гол кога Батат упати центаршут во шеснаесетникот, а Дабаг со глава ја упати топката во мрежата.

Се е можно

Во текот на натпреварот, 6.568 луѓе на стадионот Абдула Бин Калифа речиси целосно ја поддржуваа Палестина.

Но големот број навивачи на Хонг Конг облечени во црвено ги бодреа репрезентативците на оваа земја.

По неколку минути во вториот дел, Палестина го зголеми водството, Батат повторно беше ассистент од позицијата на десно крило. Овој пат Зеид Кунбар беше реализатор. Третиот погодок Палестина го постигна по еден час игра.

Во осмата минута од продолжението на натпреварот по прегледување на ВАР снимка бепе досуден пенал за Хкнг Конг, о ударот од белата точка заврш во пречка. Хонг Конг по прегледот на ВАР за игра со рака на Батат.

Тренерот на Палестина Макрам Дабуб рече дека неговиот тим знаел дека овој натпревар е одлучувачки особено во врска со моменталните околности низ кои минува Палестина.

За следната фаза од натпреварите тој рече дека е реален за предизвикот, но дека неговиот тим е сигурен во способностите и дека се е можно.

Тренерот на Хонг Конг, Јорн Андерсен истакна дека оваа репрезентација не можела да постигне гол на почетокот на натпреварот, што можеби ќе го променел текот на средбата со Палестина.

Долга фудбалска историја

Палестинската фудбалска асоцијација [ПФА] е основана во 1928 година, 20 години пред да биде основан Израел.

ПФА беше прифатена од ФИФА во 1998 година.

Во Палестина на почетокот на 20 век, се појавија многу клубови дел верски поврзани вклучувајќи ги православните клубови во Ерусалим, Исламскиот клуб од Јафа и Исламскиот клуб Хаифа.

Додека ционистичките Евреи ја окупираа Палестина и го основаа Израел со помош на западните сили, многу еврејски клубови од Европа, исто така, мигрираа на илегално окупирани палестински територии низ годините.

Спортот во историска Палестина опадна, особено по убиството на многу палестински играчи и намерните повреди на нозете на фудбалерите за време на нелегалната експанзија на израелските колонизатори.

TRT Balkan / агенции
Популарни