Палестинци почнаа да се враќаат од западниот во источниот дел на Кан Јунис

Палестинци почнаа да се враќаат од западниот во источниот дел на Кан Јунис

Тие побегнаа поради операцијата на израелската армија по итната наредба за евакуација на жителите.
Израелскиот напад беше причината поради која Палестинците го напуштија Кан Јунис / Photo: AA

Многу Палестинци кои побегнаа во Ал-Маваси, кој се наоѓа во западниот дел на Кан Јунис, почнаа да се враќаат во своите домови по завршувањето на операцијата на израелската армија во источниот дел на Кан Јунис.

Израелската армија изврши ненадеен напад во градот откако издаде итна наредба за евакуација на жителите во неговите источни населби.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот од страна на палестинската група Хамас на седми октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 39.360 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.900 се повредени.

Повеќе од девет месеци од израелската војна, огромни делови од Газа лежат се во урнатини и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафах, каде што над милион Палестинци побараа засолниште од војната.

TRT Balkan / агенции
Популарни