Од понеделникот, илјадници луѓе избегаа од Рафах, некои со автомобили, други пеш носејќи деца и изнемоштени и држејќи се за нивните скудни имоти / Photo: AA

Мохамед Шафик и неговото 30-члено пошироко семејство беа раселени десет пати за седум месеци. И секој пат, тие се надеваа дека ова ќе биде последно.

Во вторникот, семејството стигна до Деир ал Балах во централна Газа, откако беа принудени да побегнат по 10-ти пат додека израелската војска се подготвуваше да ја започне својата планирана копнена инвазија на Рафах, изведувајќи воздушни напади во текот на ноќта врз опколениот град на границата со Египет.

Шафик не може повеќе да ја поднесе болката.

„Не можам да продолжам да барам безбедни места. Дехуманизирачко и неподносливо е како се однесуваат кон нас“, изјави Шафик, во неговите 30-ти, за ТРТ Ворлд.

„Подобро би било да бидам убиен во мојата куќа“.

Во понеделникот, жителите на Рафах се разбудија со фрлените израелски летоци и повици преку радио дека треба да се евакуираат во таканаречените безбедни зони во јужна Газа, вклучувајќи ја областа Ал Мваси во Кан Јунис и Деир ал Балах.

До вечерта, имаше надежи дека израелската инвазија може да се избегне откако групата на отпорот Хамас во понеделникот вечерта објави дека го прифатила планот за прекин на огнот со посредство на Египет и Катар.

Жителите на Рафах ја „прославија“ веста на улиците - луѓето играа,пееја и пукаа во воздух. Некои плачеа од радост, други скандираа „Алаху Акбар“ (Господ е голем).

Ноќта, израелските бомби убија неколку Палестинци и сите надежи за прекин на огнот.

Стравот и очајот беа преовладувачките емоции што минуваа низ главите на Палестинците додека израелските тенкови се втурнаа во Рафах и војниците го зазедоа клучниот премин кон Египет во вторникот - предзнаци за тоа што ќе дојде наскоро.

Од понеделникот, илјадници луѓе избегаа од Рафах, некои со автомобили, други пеш носејќи деца и изнемоштени и држејќи се за нивните скудни имоти.

Пред последната израелска наредба за евакуација, Рафах беше дом на повеќе од 1,3 милиони луѓе, повеќето од нив раселени од другите делови на Газа, која е претворена во пустелија од искривен метал и бетонски урнатини во седум месеци израелско бомбардирање и копнена офанзива.

Скоро 35.000 Палестинци, повеќето жени и деца беа убиени од Израел во Газа од 7 октомври, денот кога Хамас ја уништи непобедливоста на ционистичката израелска држава во операција без преседан.

Пекол на земјата

Во вторникот, Канцеларијата за човекови права на ОН рече дека постојат „силни индикации“ дека израелското принудно раселување на луѓето од Рафах „се спроведува во спротивност со меѓународното право“.

За луѓето како Мохамед Шафик, тоа беше модел на израелска агресија.

„Сега сум раселен по 10-ти пат. Барав засолниште во централна Газа, Кан Јунис, Деир ал Балах, како и во други области“, вели тој.

„Овие места се означени како „безбедни зони, но каде е безбедноста кога се постојано нивна цел?... Фактот дека луѓето бараат безбедност во зоните на смртта е смешен. Или војната ќе престане или целиот народ ќе биде избришан“.

Просечно по 20 луѓе секојдневно се убиени или ранети во Рафах поради немилосрдните израелски бомбардирања во последните неколку недели. Најмалку 22 лица, вклучително и осум деца, загинаа во смртоносните воздушни напади кои беа насочени кон 11 домови низ областа во понеделникот.

Од понеделникот илјадници луѓе пристигнуваат во „безбедните“ зони во централна Газа и Деир ал Балах. Сепак, овие места не беа поштедени од Израел, бидејќи областа Ал-Звејда и улицата Салах Ал-Дин, северно и источно од Деир ал Балах, се соочија со силно бомбардирање.

Во израелските воздушни напади беа срамнети со земја домови во бегалските кампови Ал Нусаират, Ал Бураиџ и Ал Магази во центарот на Газа, при што загинаа и беа повредени неколку луѓе во текот на минатата недела.

Откако Израел ја „презеде оперативната контрола“ на преминот Рафах со Египет, главниот влез за хуманитарна помош во Газа и евакуација на луѓето на безбедно, речиси два милиони луѓе заробени во Газа се соочуваат со глад и смрт.

Исто така, цените вртоглаво пораснаа во текот на минатата недела поради очекуваната инвазија на Рафах. На пример, килограм шеќер што чинеше 2 долари пред една недела сега се продава за 13 долари.

Меѓутоа, Шафик знае дека тоа е само почеток на уште еден кошмар.

„Мојата куќа беше уништена, мојот бизнис пропадна, а животот ми се преврте наопаку по избувнувањето на војната. Моите деца се во паника, па и јас и жена ми...Нашиот живот не е ништо друго освен тортура. Тоа е буквално пекол“, вели тој, гушејќи се од неговите зборови.

Зошто нѐ напаѓаат?'

Обединетите нации и хуманитарните агенции предупредија дека хуманитарната криза во Газа ќе достигне ниво без преседан доколку Израел продолжи со планираната инвазија на Рафах.

„Од хуманитарна перспектива, не постои веродостоен хуманитарен план за напад на Рафа“, новинската агенција АФП го цитираше Бушра Калиди, директорката за застапување на Оксфам на палестинските територии.

Се проценува дека во Рафах живеат околу 1,5 милион раселени Палестинци AA

Многумина од оние што избегаа од Рафах велат дека пристигнале во „безбедните зони“ назначени од Израел, само за да најдат преполни шатори на луѓе раселени од други области.

Според извештаите, безбедните зони моментално засолнуваат околу 250.000 луѓе, од кои многу се веќе раселени од други области во Газа.

Додека Махмуд Абу Кдаир (33) и неговата сопруга Сахар се подготвуваат повторно да побегнат со нивните две деца, тригодишно девојче и деветмесечно момче, единственото прашање што го имаат е: „Зошто не напаѓаат? Ние сме само цивили“.

Повеќепати раселен во изминатите седум месеци, Абу Кдаир беспомошно го гледаше своето момче како страда од неухранетост поради недостаток на храна. Тој самиот изгубил околу 20 килограми, не можејќи да си ја дозволи скапата храна во опколената енклава.

Сега, тој мора уште еднаш да се бори со тешката задача да најде место за престој.

„Да бидам раселен одново и одново ми го крши срцето. Местата се пренатрупани, па да се најде место или шатор е незгодно“, изјави тој заТРТ Ворлд. „Луѓето мора да сфатат дека шаторите не се за живеење. Премногу се топли во дневните часови и премногу студени во ноќта“.

Во Деир ал Балах, на околу 18 километри од Рафах, 30-годишната Ом Али Џадала и нејзините три деца се прашуваат дали и израелската армија ќе ги сврти кон нив нивните тенкови и пушки.

„Иако Деир ал Балах не е нападнат, непрекинато бомбардирање во источната периферија е застрашувачко. Во текот на ноќта јасно слушаме пукотници и тенковски топови“, вели Ом Али, која побегна од својата куќа во населбата Ал Туфах во Северна Газа.

„Овде секогаш се плашиме од копнена инвазија. Ако тоа се случи, мора да почекаме да ни дојде редот да бидеме убиени. Израел се заканува дека ќе го нападне секое место во Газа, што значи целосно уништување на човечкото постоење во Газа“.

Седум месеци по израелската војна и „смртта“ сега стана дел од секојдневните муабети на Палестинците.

Младата сопруга на Абу Кдаир, Сахар, го става прашањето во перспектива со брутално искрен поглед на она што се случува во нивните животи.

„Многу пати сме раселени. Сега мораме да одиме на друго место. Секое време е предизвик за нас“, вели таа.

„Постојано бегаме од смртта, но таа е насекаде“.

TRT World
Популарни