Тинејџерка од Палестина им подлегна на повредите како последица од нападот на израелската армија во градот Џенин на Западниот Брег, со што бројот на загинати се искачи на седум, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението на Министерството се вели дека Садил Туркман (15) била застрелана во главата за време на израелската рација во понеделникот и денес е прогласена за мртва.
Најмалку 91 лице е повредено во рацијата, од кои 23 се во критична состојба.
Воениот упад предизвика судири со гневните локални жители во кој израелските сили употребија боева муниција, солзавец и звучни бомби.
Израелски воен хеликоптер истрела проектили врз станбена зграда за време на рацијата, што ја означи првата употреба на воени летала од страна на Израел врз Западниот Брег по повеќе од две децении, од 2002 година, велат очевидци.
Седум израелски војници биле ранети во заседа на оклопно возило за време на рацијата, соопшти армијата.
Нападот на Израел во Џенин наиде на бран осуди од повеќе земји, меѓу кои и Туркије, Египет, Јордан, Катар и Европската Унија.
Тензиите се зголемени во окупираниот Западен Брег во последните месеци поради поголемиот број упади на израелските сили во палестинските градови.
Најмалку 174 Палестинци се убиени од страна на израелските сили од почетокот на оваа година, според Министерството за здравство. Дваесет и пет Израелци, исто така, се убиени во други напади во истиот период.