Посетата Франциск од 3 до 6 ноември ќе престојува во посета на Бахреин, на 39-тото меѓународно патување во текот на неговиот понтификат, а се случува три години по неговото историско патување во Обединетите Арапски Емирати во 2019 година, каде го потпиша муслиманско-христијанскиот манифест за мир.
Папата кој има 85 години за време на својот понтификат ги стави контактите со муслиманите на листата на приоритети. Го посети Египет во 2017 година и Ирак минатата година, ветувајќи меѓурелигиски дијалог со муслиманите.
Во петок, Франциск планира да се состане со имамот на каирската џамија Ал-Азхар, Ахмед Ал Тајеб. Тие потпишаа заеднички документ во Абу Даби во февруари 2019 година, со кој се обврзуваат на меѓуверски соживот помеѓу христијаните и муслиманите. Таа посета беше прва посета на еден папа на заливот.
Папата Франциск исто така ќе се состане со Муслиманскиот совет со седиште во Абу Даби. На дневниот ред ќе бидат муслиманските заедници на западот, хуманитарните кризи, климатските прашања и односите на муслиманите и христијаните.
Врховниот поглавар на католиците кој веројатно во текот на патувањето ќе биде во инвалидска количка, поради болките во колената, во петок ќе предводи екуменска молитва во катедралата во Авали.
Катедралата може да прими повеќе од 2.000 луѓе, изградена се за околу 80.000 католици во Бахреин. Станува збор воглавно за работници од Јужна Азија, односно од Филипини и Индија.
Папата во сабота ќе предводи миса во вториот по големина бахреински град Рифи, на која се очекува да има околу 28.000 верници, според свештеникот Чарбел Фајад.
„Среќни сме што гледаме многу христијани од регионот“, изјави Фајад, додавајќи дека очекуваат верници од другите заливски држави.
Папата, кој го завршува своето патување во недела во Манама на молитва со католичкото свештенство, посети неколку муслимански земји во текот на својот понтификат, вклучувајќи го Јордан, Туркије, Бангладеш, Мароко, Ирак, Босна и Херцеговина и неодамна Казахстан.