Парламентарните избори во Грција закажани за 21 мај / Photo: AA Archive

Во Грција на 21 мај ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ова го соопшти на денешната редовна седница на владиниот кабинет во Атина.

Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, а премиерот Мицотакис денес рече дека предвремените избори ќе бидат одржани на 21 мај и дека на Грција и на нејзиниот народ им треба јасен хоризонт.

Изборите ќе се одржат по новоутврдениот систем на пропорционална застапеност.

Тој систем и отежнува на партијата добивање јасно мнозинство, подготвувајќи го теренот за втор круг на изборите, а Мицотакис рече дека тоа гласање ќе се одржи најдоцна до почетокот на јули.

Резултатите од последните анкети покажуваат дека партијата предводена од Мицотакис, Нова демокрација, води во однос на главната опозиција, леичарската партија Сириза, но разликата се намали по минатомесечната железничка катастрофа во која животот го загубија 57 луѓе.

TRT Balkan / агенции
Популарни