Петмина Палестинци повредени во нападите на израелските сили и доселеници / Photo: AA

Петмина Палестинци се повредени во нападите на израелските сили и нелегалните еврејски доселеници врз различни делови на окупираниот Западен Брег.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелските сили пукале кон Палестинците во бегалскиот камп Џалазун, северно од Рамала, и во градовите Источен Ал-Мазра и Калкилија. Во Витлеем нелегалните еврејски доселеници претепале Палестинец.

Еден Палестинец се здобил со тешки повреди по ранувањето во пределот на градниот кош.

Во Источен Ал ал-Мазра со боева муниција еден Палестинец е ранет во глава, а друг во стапало.

Во Калкилија едно момче е рането во дланката и во ногата.

Министерството за здравство на Палестина во своето претходно соопштение наведе дека се убиени четворица Палестинци, а 60 се повредени во нападите на израелските сили и нелегалните еврејски доселеници од 12 април досега.

Нелегалните еврејски доселеници ги интензивираа своите напади врз Палестинците на многу места на Западниот Брег од 12 април.

Тие ги напаѓаат палестинските села и градови, особено селото Мугајир, палејќи голем број возила.

Околу 700.000 еврејски доселеници живеат во окупираниот Западен Брег и во Источен Ал Кудс (Ерусалим). Според меѓународното право, еврејските населби на Западниот Брег и во Источен Ал Кудс се сметаат за нелегални.

Еврејските доселеници што престојуваат во овие места дополнително им го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат под окупација на Западниот Брег.

AA
Популарни