Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека американските и европските лидери им ветиле дека ќе прогласат прекин на огнот во Појасот Газа ако Иран не одговори на убиството на шефот на политичката канцеларија на Хамас, Исмаил Ханијево јули во Техеран, но не го исполниле ветувањето.
Пезешкијан зборуваше на синоќешниот состанок на Советот на министри, јави иранската државна телевизија.
Зборувајќи за агресијата на Израел во регионот и неговите западни поддржувачи, Пезешкијан рече:
„Злосторствата на ционистичкиот режим се неприфатливи и нема да останат без одговор. Тврдењата на лидерите на САД и европските земји, кои ветија прекин на огнот во замена Иран да не одговори на убиството на маченикот Ханије, беа целосна лага. Давањето можност на таквите криминалци само ќе ги поттикне на нови кривични дела“, посочи Пезешкијан.
Овие изјави на иранскиот претседател предизвикаа контроверзии во Иран, а група луѓе во текот на ноќта се собраа пред зградата на Врховниот совет за национална безбедност и побараа одговор од владата на овие изјави.
Иран реши да му возврати на Израел по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во главниот град Техеран на 31 јули. Во меѓувреме, имаше тврдења дека Техеран ќе се откаже од намерата да нападне во замена за траен прекин на израелските напади во Газа.
Администрацијата на Техеран, од друга страна, рече дека одлуката да се казни Израел, кој го загрози неговиот национален суверенитет со нападот, и напорите за прекин на огнот во Газа се одделни прашања и дека се надеваат дека тоа нема да му наштети на процесот на прекин на огнот.