Смртта на Горбачов ја потврди московската Централна клиничка болница која соопшти дека по тешка и долга болест, на 92-годишна возраст почина последниот претседател на Советскиот сојуз.     Фото: АА (Архива)

Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст.

„Вечерва по тешка и долга болест, почина Михаил Сергејевич Горбачов“, соопшти московската Централна клиничка болница.

Горбачов е роден во 1931 година, во селско семејство. Направи успешна кариера во Комунистичката партија и беше на чело на Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година.

Горбачов најави политика на „перестројка“ (реструктуирање), замислена како транзиција кон подемократска и послободна земја, но таа доведе до распад на Советскиот Сојуз.

Во 1990 година, Горбачов доби Нобелова награда за мир поради својата водечка улога во мировните процеси на тогашниот свет и завршување на Студената војна. Во соопштението на Нобеловиот комитет нагласена е и неговата улога во водењето на советското општество кон поголема отвореност.

AA
Популарни