Студентите протестираа за да дадат поддршка за Газа / Фото: AFP

Полицијата упадна во пропалестинскиот камп на Универзитетот во Женева и ги растера студентите кои протестираа, пренесоа медиумите.

Полицијата пристигна во кампусот околу 5.00 часот наутро каде што протестите започнаа минатата недела, пренесува дневниот весник Le Temps.

По акцијата за разбивање на протестот од страна на полицијата започнаа и активностите за расчистување на протестниот камп.

Студентите протестираа за да дадат поддршка за Газа и да побараат од раководството на универзитетот да заземе јасен став во врска со израелските напади врз Појасот Газа и да ги прекине сите односи со израелските институции и универзитети.

Израел спроведува немилосрдна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Оттогаш, повеќе од 35.100 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а 78.400 други се повредени, според информации на палестинските здравствени власти.

Во текот на седум месеци од израелската војна, огромни делови од Газа останаа во урнатини, туркајќи 85% од населението на енклавата во внатрешно раселување во услови на осакатувачка блокада на храна, чиста вода и лекови, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се вели дека Израел „најверојатно“ врши геноцид во Газа и му нареди на Тел Авив да ги запре таквите дејствија и да преземе мерки за да гарантира обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни