Носејќи кефии и веејќи палестински знамиња, студентите извикуваа „Слободна Палестина!“, „Израел е терористичка држава“ и „Срам да ти е Германија“ / Photo: AA

Германската полиција во вторникот почна насилно да го расчистува пропалестинскиот студентски камп, поставен во кампусот на Слободниот универзитет во Берлин.

Демонстрантите поставија околу 20 шатори и формираа човечки ланец околу шаторите, а полицијата преку звучници ги повика студентите да го напуштат кампусот, пред да влезат во кампусот и да го прекинат протестот

Полицајците употребија брутална физичка сила против демонстрантите и уапсија голем број студенти, откако универзитетската администрација ја повика локалната полиција да го разбие кампот.

Протестниот камп беше формиран во вторникот наутро од повеќе од 100 студенти со цел да протестираат против израелската војна против Газа и денешниот копнеен упад во преполниот јужен град Рафах.

Подоцна околу 300 студенти и демонстранти се собраа на кампусот за да изразат поддршка за палестинскиот народ.

Носејќи кефии и веејќи палестински знамиња, студентите извикуваа слогани „Слободна Палестина!“, „Израел е терористичка држава“ и „Срам да ти е Германија“.

Универзитетската администрација во соопштение рече дека обидот на студентите да го окупираат кампусот е „неприфатлив“ и ја повика полицијата да ги исели демонстрантите.

Откако минатиот месец започнаа протестите на голем број американски универзитети за поддршка на Палестина, протестите се проширија низ целиот свет, вклучително и на универзитетите низ Европа.

TRT Balkan / агенции
Популарни