Полскиот премиер Матеуш Моравјецки порача дека го поддржува враќањето на смртната казна во Полска, објави на неговиот профил на Твитер.       Фото: Ројтерс

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки порача дека го поддржува враќањето на смртната казна во Полска, објави на неговиот профил на Твитер.

„Генерално, мислам дека треба да се преиспита, да се дозволи смртна казна за најтешките злосторства“, рече Моравјецки во разговорот на Фејсбук со новинарите.

„Во овој поглед, не се согласувам со учењето на Црквата“, додаде тој.

Мораториум на смртната казна беше воведен во Полска во 1992 година, а беше укината во 1998 година. Последниот човек што беше погубен е Анджеј Чабански, кој беше обесен во април 1988 година за силување и убиство на жена, и обид за убиство на двете ќерки.

Повеќето политички партии во Полска се против повторното воведување на смртната казна, но некои членови на владејачката партија Право и правда (PiS), меѓу кои и поранешниот претседател Лех Качињски, и одредени пратеници од опозициската Граѓанска платформа го поддржаа враќањето на смртната казна доколку таа е легализирана во ЕУ.

Единствената партија во Парламентот што поддржува враќањето на смртната казна е десничарската партија Конфедерација со која партијата Право и правда најверојатно ќе се натпреварува за гласови на парламентарните избори оваа година.

TRT Balkan / агенции
Популарни